Купер Флег од Далас и Кон Нипел од Шарлот се прогласени за дебитанти на месец октомври и ноември во Западната и Источната конференција на НБА лигата.
Двајцата кошаркари настапуваа за истиот универзитет, Дјук. Флег во 20 натпревари во октомври и ноември, имаше просек од 16,7 поени, 6,6 скока и 3,5 асистенции по натпревар.
Нипел имаше просек од 18,4 поени и 5,7 скока по натпревар што беше доволно да ја добие наградата.

