Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, постави нов рекорд во кариерата за реализирани кошеви во НБА лигата.
Тој на мечот против Њу Орлеанс, забележа 44 поени, 5 скока и 4 асистенции и 3 изгубени топки.
Едвардс погоди 16 од 30 шута од поле, 6 од 13 од линијата за тројка и 6 од 8 од слободни фрлања. Само во второто полувреме постигна 34 поени.

