Првата ѕвезда на кошаркарскиот состав Хјустон, Кевин Дурант, по мечот со Далас се насочи кон игрите на дебитантот во дресот на Маверикс, Купер Флег.
„Можете да видите дека конечно почнува да сфаќа работи. Флег правеше акции низ целиот терен. Мислам дека ставањето на позицијата плејмејкер го ограничува.“ – рече Дурант.
„Тој може да погодува од поле, може да шутира тројки, може да стигне до обрачот. Ми се допаѓа неговата игра“ – беа дел од зборовите на Дурант упатени за настапот на млaдиот Флег.

