Кошаркарот од САД, Монти Морис, кој има играно за шест екипи во НБА лигата, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Олимпијакос.
Триесетгодишниот плејмејкер пристигна во Грција и веднаш реализираше средба со медиумите.
„Подготвен сум да дадам сè од мене за тимот. Тренерот Барцокас ми рече да дојдам и да го играм мојот вид кошарка. Моја работа е да му помогнам на тимот да победи“ – рече Морис.

