Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека почина Новко Георгиевски, поранешен селектор на женската младинска репрезентација на Македонија и долгогодишен ракометен тренер.
Во текот на својата кариера, Новко Георгиевски беше активно вклучен во развојот на младинските репрезентативни селекции, како и во работата на повеќе ракометни клубови во земјата.
Ракометна федерација на Македонија упатува сочувство до семејството, најблиските и целата ракометна заедница.

