Поентерот на Денвер, Камерон Џонсон, ќе отсуствува од терените најмалку од 4 до 6 недели, објавија дел од медиумите во САД.
Тој заработи повреда на коленото на мечот со Далас. „Нагетси“ во моментов се без тројца стартери бидејќи надвор од игра се и Арон Гордон и Кристијан Браун.
Џонсон пред да се повреди одигра 28 натпревари со просек од 11,7 поени, 3,6 скока и 2,4 асистенции.

