Кошаркарот на Милвоки, Јанис Антетокумпо, ја излекува повредата и набрзо ќе се врати на теренот. Тој не се појави на осум натпревари поради повреда на десната нога.
Според најавите, високиот играч ќе биде во тимот за гостувањето кај Чикаго. Сепак, Гркот мора успешно да ги помине тестовите што ги бара медицинскиот персонал на „Бакс“ за да добие дозвола за игра.
Неговиот клуб се наоѓа на 11-то место на Истокот со 12 победи и 19 порази. Милвоки ќе гостува кај Чикаго утре во 02.00 часот.

