Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Расел Вестбрук, се проби на седмото место на вечната листа на НБА кога станува збор за асистенции.
Тој на дуелот со Далас имаше девет успешни додавања за кош, со што стигна до бројката од 10.149 асистенции и го престигна легендарниот, Меџик Џонсон, кој има осум помалку.
Вестбрук во победата на Сакраменто учествуваше со 21 поен а имаше и пет освоени топки под обрачите.

