Македонската ракометна репрезентација по одиграниот контролен натпревар со Хрватска во Пореч, кој го загуби со 26:23, ќе се врати во Скопје утревечер.
Селекторот Кирил Лазаров даде своја анализа за натпреварот во која истакна:
„Промашивме пет пенали, три на самиот старт на натпреварот, а на тој начин на можеш да парираш на противник како Хрватска. Имавме доста проблеми , доста дупки во одбраната, некои работи кои не функционираа се обидовме да ги исправиме на најдобар можен начини да пробаме со некои нови сили.Нема да биде лесно, кај нас очекувањата се секогаш големи, ќе беа уште поголеми да ја победевме Хрватска, но ќе се бориме. Имаме многу работа и простор за корекција, се враќаме во Скопје па ќе одиме на турнир во Швајцарија пред настапот на ЕП“ истакна селекторот Лазаров во изјавата за „Спортске Новости“.
Ракометарите по враќањето во Скопје ќе добијат два слободни дена (31.12.25 и 01.01.26) по што ќе се вратат на тренинзи на 2.јануари 2026 година и ќе тренираат до заминувањето за Швајцарија на турнирот каде ќе играат против Бахреин, Украина и Швајцарија.

