Главниот тренер на кошаркарите на Бруклин, Жорди Фернандез, објасни што беше клучно за дефанзивната трансформација на тимот.
„Мислам дека големината е значајна на секоја позиција. Кога го преместивме Ноа во почетната постава и Портер во тројката, тоа навистина промени сè. “ – рече Фернандез.
„Не е лесно да се имаат долги тренинзи во НБА, натпреварите доаѓаат еден по друг. Момците не се жалеа и вредно работеа на одбранбените шеми“ – рече тренерот на Бруклин.

