Центарот на Денвер, Јонас Валанчиунас, заработи повреда на мечот со Торонто. Неговата состојба ќе биде повторно евалуирана за четири недели .
Тој го напушти теренот на четири минути до крајот на третата четвртина. До тој миг имаше 17 поени и девет скокови.
Валанчиунас го заменува Никола Јокиќ кој има проблеми со левото колено. Нагетсите имаат уште тројца повредени стартери: Арон Гордон, Кристијан Браун и Кам Џонсон.

