Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ се враќа во Евролига. По вчерашните пишувања во руските медиуми, денеска стана јасно дека нашиот репрезентативец во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Баерн (М), но најпрво ќе мора да се минат лекарските прегледи.
Димитријевиќ денеска треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа и официјално да стави потпис на договорот со германскиот тим, предводен од Светислав Пешиќ.
Дебито во дресот на новиот тим треба да го има седми јануари на домашниот терен против Басконија.

