Македонската ракометна репрезентација го одработува последниот дел од подготовките во Скопје, пред да замине за Швајцарија, каде ќе ја била формата за претстојното Европско првенство во Данска, Норвешка и Шведска.
Селекторот Кирил Лазаров е задоволен од досегашниот дел од подготовките.
„Со оглед на здравствената ситуација кај одредени ракометари, не треба да брзаме со конечниот список на патници на Европското првенство. Треба да почекаме да поминат уште овие два-три дена и потоа ќе се одлучи кои ќе настапат на шампионатот. Задоволен сум од досегашниот тек на подготовките, имаме позитивна атмосфера во тимот. Пред настапот на ЕП ќе одиграме три контролни средби кои ќе ни послужат за подигнување на формата, затоа што имаме играчи кои што имаат помала минутажа во своите клубови“, рече Лазаров.

