Откако изминатите денови објавија продолжување на договорите со Михаил Маневски, Диего Кастањеда и Димитар Тодоровски, ФК Вардар денес објави дека го продолжуваат договорот и со Едиз Спахиу.
24-годишниот напаѓач слично како и останатите се обврза на верност до крајот на сезоната 2027/28. Скопскиот клуб преку својот веб-сајт го потврди потписот на новиот договор.
„Роден во Гостивар, 24 годишниот напаѓач на Вардар, Едиз Спахиу, ја продолжи верноста со најтрофејниот клуб уште две години. Минатата година во зимскиот преоден рок дојде од екипата на Тиквеш, со која го освои трофејот Куп на Македонија една година претходно, за да минатата година со екипата на Вардар повторно го подигне победничкиот пехар на Купот на Македонија. Се работи за изворедно брз, експлозивен, интелегентен играч од нападот, од кого црвено-црните очекуваат уште многу погодоци во противничките мрежи, притоа обезбедувајќи услови за тренинг и напредок како во ниту еден клуб во државата. ФК Вардар и Спахиу заедно ќе бидат до јуни 2028 година“, стои во соопштението на ФК Вардар.
Едиз Спахиу пристигна во Вардар пред точно една година по успешните настапи за Тиквеш, а освен тоа беше дел од Гостивар и Шкендија.
Досега за Вардар одигра 37 официјални натпревари, постигна пет гола и подели четири асистенции.

