Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вардар и Спахиу потпишаа нов договор
    Фудбал

    Вардар и Спахиу потпишаа нов договор

    risteBy riste06/01/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Откако изминатите денови објавија продолжување на договорите со Михаил Маневски, Диего Кастањеда и Димитар Тодоровски, ФК Вардар денес објави дека го продолжуваат договорот и со Едиз Спахиу. 

    24-годишниот напаѓач слично како и останатите се обврза на верност до крајот на сезоната 2027/28. Скопскиот клуб преку својот веб-сајт го потврди потписот на новиот договор. 

    „Роден во Гостивар, 24 годишниот напаѓач на Вардар, Едиз Спахиу, ја продолжи верноста со најтрофејниот клуб уште две години.  Минатата година во зимскиот преоден рок дојде од екипата на Тиквеш, со која го освои трофејот Куп на Македонија една година претходно, за да минатата година со екипата на Вардар повторно го подигне победничкиот пехар на Купот на Македонија. Се работи за изворедно брз, експлозивен, интелегентен играч од нападот, од кого црвено-црните очекуваат уште многу погодоци во противничките мрежи, притоа обезбедувајќи услови за тренинг и напредок како во ниту еден клуб во државата. ФК Вардар и Спахиу заедно ќе бидат до јуни 2028 година“, стои во соопштението на ФК Вардар. 

    Едиз Спахиу пристигна во Вардар пред точно една година по успешните настапи за Тиквеш, а освен тоа беше дел од Гостивар и Шкендија. 

    Досега за Вардар одигра 37 официјални натпревари, постигна пет гола и подели четири асистенции. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.