Сопственикот на Њујорк, Џејмс Долан, изјави дека не знае ништо за можните разговори за размена на ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Антетокумпо.
„Ни се допаѓа нашиот тим во моментов. Момците имаат одлична хемија. Никогаш не сум видел пообединета соблекувална“ – рече Долан.
„Има многу енергија. Не гледам дека ќе направиме некои големи промени во сегашниот состав. Може да го освои првенството“ – рече Долан.

