Македонската машка ракометна репрезентација отпатува за Швајцарија. Таму ќе ја има завршната фаза од подготовките за Европското првенство и ќе одигра пријателски натпревари во рамките на ,,Жолтиот куп”.
Еве го распоредот: 08.01. Македонија – Бахреин, 09.01. Македонија – Украина и 10.01. Македонија – Швајцарија. На списокот се ставени: Иван Галевски, Петар Атанасијевиќ, Никола Костески, Филип Кузмановски, Игор Ѓорѓиев, Жарко Пешевски, Михаил Аларов, Мартин Велковски, Самоил Ристевски, Никола Митревски, Мартин Томовски,Иван Џонов, Ненад Костески, Марко Митев, Павле Атанасијевиќ, Марко Стојковиќ, Никола Марковски, Мартин Серафимов и Дамјан Митев. Последен од конкуренција отпадна Мартин Ивановски.
Македонија првиот настап на континеталниот собир ќе го има против домаќинот Данска на 16 јануари во вечерниот термин.

