Центарот на Реал Мадрид, Еди Тавареш, испиша историја во Евролигата станувајќи лидер по бројот на скокови.
Кошаркарот на „кралевите“ имаше 11-ет освоени топки под обрачите на мечот против Макаби Тел Авив и дојде до бројката од 2.016 со што го надмина рекордот на легендата на Жалгирис, Паулиус Јанкунас (2.010).
На 33-годишниот центар му беа потребни 297 натпревари за да стигне до врвот на листата со просек од 6,8 скокови по натпревар.

