Македонската ракометна репрезентација ја оствари втората победа на „Жолтиот Куп“ во Винтертур, откако славеше над селекцијата на Украина со 31:26. Нашите ракометари дојдоа до победата со одлична игра во второто полувреме.
Натпреварот започна израмнето, но Украина прва направи предност од 3 гола , водеше со 9:6 и 10:7, а Македонија успеа да израмни на 10:10, потоа следуваше пад во играта на нашата репрезентација , тоа го искористија противниците и направија серија од 4:0 и дојдоа до предност од 14:10, з ана одмор д азаминат со водство од 17:13.
Во вториот дел сосема различна слика на теренот, Македонија играше одлично, а усшеа за само неколку минути да дојде и до израмнување на резултатот (18:18), а по голот на Џонов успеавме и да поведеме со 19:18.
Украина делуваше немоќно во тој период од средбата, а тоа нашите репрезентативци го искористија и дојдоа до предност која на крајот и ни донесе победа од +5 односно 31:26.
За нашите ракометари ова е втора победа на „Жолтиот Куп“ во Винтертур, а утре од 18 часот ќе играат за првото место на овој контролен турнир со домашната селекција на Швајцарија.

