Од РК Еурофарм Пелистер денеска официјално го објавија името на тренерот кој ќе го води тимот до крајот на тековната сезона.
„Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер“ се вели во соопштението на клубот.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола.
Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд. Прозивката на новиот тренер е закажана за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.

