Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Без девет репрезентативци, кои ќе настапат на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, пелистерци одржаа работен состанок и прв тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Денешниот тренинг го одработи асистентот Алексо Лембанов. Деновиве се очекува пристигнувањето на новиот тренер Стевче Алушовски и комплетирање на ростерот со доаѓањето на Алем Хаџиќ и Сeид Хeидарирад. Како ќе завршуваат со обврски на ЕП, така ќе се приклучуваат и репрезентативците што се на ЕП – Кузмановски, Ристевски, браќата Атанасијевиќ, Пешевски, Митревски, Хенигман, Тајник и Видомски.
Во текот на месец јануари Еурофарм Пелистер ќе се подготвува во Битола и ќе одигра неколку тест натпревари.

