Кошаркарскиот експерт, Кендрик Перкинс, ги нарече Кавалирс големо разочарување во сезонава во НБА.
„Тие станаа најголемото разочарување во Источната конференција.Тие немаат желба за победа. Тоа е тим со големи плати и даноци кој треба да се стреми кон пехарот“ – рече Перкинс.
„Гледате луѓе како плачат откако ќе освојат шампионат – сè е поради часовите сон што ги изгубиле. Кога го гледам Кливленд, не ја гледам таа дива желба за победа“ – рече Перкинс.

