„Данска ја знаеме сите ѝ нема што да се зборува посебно за неа“, изјави нашиот млад репрезентативец, Дамјан Митев, пред стартот на Европското ракометно првенство во Скaндинавија.
„Одиме максимално да играме и со Португалија и со Романија. Чувството е одлично, мора да го дадеме нашиот максимум затоа што се работи за Европско првенство. Нема да се штедиме“ – изјави Дамјан Митев.
Данска и Македонија ќе се сретнат утре во Хернинг а мечот ќе започне во 20.30 часот. Ќе го судат браќата близнаци од Молдавија, Игор и Алексеи Ковалчиус.

