Некогашниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез, кој сега е селекторот на српската ракометна селекција, не го криеше незадоволството од поразот од Шпанија на стартот од шампионатот.
„Тешко беше за нас, одигравме катастрофално на стартот, направивме многу грешки и промашивме три пенали. Во вториот дел бевме нешто подобри, но не издржавме до крај. Треба да ја подобриме одбраната, но и нападот. Сега треба да се фокусираме на натпреварот со Германија. Никогаш не се знае, но јас мислам дека ќе бидеме подобри против бундес-тимот. На Македонија ѝ посакувам сè најдобро, на Киро на играчите. Мислам дека Македонија има шанси за втора фаза на овој шампионат, но ќе биде тешко“, додаде некогашната тренерска легенда на скопските „црвено-црни“.

