Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Честитки за играчите , одиграа одличен натпревар и нема да се откажуваме до крај за пласман понатаму“
    Ракомет

    Лазаров: „Честитки за играчите , одиграа одличен натпревар и нема да се откажуваме до крај за пласман понатаму“

    risteBy riste18/01/2026No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија одигра нерешено против Португалија (29:29) во вториот натпревар на ЕП во Данска, Норвешка и Шведска. По натпреварот селекторот Кирил Лазаров даде свој коментар на натпреварот.

    „Прво сакам да им честитам на моите играчи што одиграа одличен натпревар и направија една невозможна мисија. Јас и пред почетокот на првенството во една изјава кажав дека ние сме мала земја, во моментов многу сме деградирани, не е лесно да играш против светски велесили. Ова не е алиби, видовте сами, тоа е така. Во иднина ќе биде многу тешко да се бориме со вакви работи. Јавноста сака ракомет, ни дава поддршка, сакам да им честитам од душа на сите играчи што успеаја да парираат со полуфиналистот на минатото Светско првенство. Против екипата која се бореше за медал и тука дојде по злато, направивме голема работа, знаејќи дека во првиот дел ги загубивме двете леви крила и моравме да комбинираме. Исто така го загубиме и најискусниот играч во одбраната со црвен картон, кој во вакви мечеви многу му помогнал за националниот тим. Сите концепти ни се растурија, настана мал хаос пред крајот на првиот дел. Пробавме да го средиме тоа за време на полувремето, не почна вториот дел како што треба, но успеавме да ја најдеме формулата и со голема борба, пожртвуваност и верба, стигнавме до нерешен резултат. 

    Сега околу математиките, може да ги прашате нашите играчи дека пред мечот со Данска им реков – давајте максимум, борете се за секој гол, борете се разликата, може да ни решава таа разлика, може да играме нерешено со Португалија. Тоа и се случи. Загубивме многу енергија, многу емоции, нашата врела македонска крв, треба малку да се смириме сите, да пробаме да отспиеме. Нема да тренираме утре, го откажуваме и тој тренинг, да се одмориме. Да видиме каква е ситуацијата со повредените, посебно левите крила и да видиме што и како ќе ни треба за тоа место кое води во следната фаза. Нас ни е првата цел да ја дојдеме до победа против Романија, па затоа мора да го спремиме мечот добро, а втората работа е да играме гол за гол и да бидеме концентрирани да добиеме со што е можно поголема разлика. Безобразно е да се прави математика со каква разлика ќе победиме. Нивниот таргет е Македонија, спремни се да одат во борба и очекувајте фајтерски меч во вторник.

    Да не се случеше тоа што се случи со повредите и од Маркоски, да не претерам и да звучам некултурно и преоптимистички, ќе го добиевме мечот. Две леви крила ни се повредија на пет минути, мораше да се консолидираме и да продолжиме со таа одбрана.

    Жал ни е, ама ќе се бориме до крај и ќе го дадеме максимумот, па што и да се случи“, рече селекторот Лазаров по мечот со Португалија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.