Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Томовски: „Честитки за целиот тим, психолошки се вративме кога најмногу требаше“
    Ракомет

    Томовски: „Честитки за целиот тим, психолошки се вративме кога најмногу требаше“

    risteBy riste18/01/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија одигра нерешено против фаворизираната Португалија на Европското првенство во ракомет, а конечните 29:29 ја оставаат нашата селекција во игра за втората фаза до последниот натпреварувачки ден од првата рунда.

    Избраниците на Кирил Лазаров покажаа карактер како ретко кога на големите натпреварувања, па наместо да паднат и да дозволат противникот да ги дотолчи при негатива од -5,  денеска се вратија од големата негатива во вториот дел и покажаа дека прават крупни чекори напред и на психолошки план.

    Мартин Томовски доби шанса во второто полувреме и со неколку клучни одбрани ја одржа Македонија во игра, а на крајот беше и херој со две интервенции во период од само неколку секунди.

    Македонскиот голман се избори и за последен напад на нашиот тим, но за жал топката му падна на Серафимов од раце и пропадна последната надеж дека можеме да стигнеме до победа.

    Нерешените 29:29 носат измешани чувства во нашиот табор, а голманот Томовски по натпреварот нагласи дека е најмногу задоволен од психолошкиот исчекор кој го направил македонскиот тим.

    „Пред се, сакам да испратам честитки за борбената игра на нашиот тим и на целиот стручен штаб, но исто така, комплименти и за противникот. Се играше машки до последната секунда, а јас како голман, си имам своја улога на теренот. Дишеме како едно на теренот, верувавме од почеток до крај и остнавме сплотени кога изгледаше дека е најтешко за нас на теренот. Најважно од се е што покажавме добра психолошка состојба која е далеку подобра од минатото. Се вративме од негатива во второто полувреме и игравме максимално до последната акција од натпреварот. Исто така мора да признаам дека многу добро бевме подготвени од стручниот штаб за овој натпревар“, изјави голманот Мартин Томовски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.