Кошаркарот, Џа Морант, вели дека е лојален човек и затоа сака да остане во Мемфис. Тој по триумфот против Орландо, се насочи кон шпекулациите дека може да биде разменет во друг клуб во НБА лигата.
„Имам лого на грбот што јасно треба да ви каже каде сакам да бидам. Ако некој ме познава тука, јас сум многу лојален човек“ – рече плејмејкерот, алудирајќи на тетоважата со логото на Мемфис.
Тој откако пропушти шест мечеви поради повреда на ногата имаше одлично враќање на мечот со Орландо. На крајот забележа 24 поени и 13 асистенции

