Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров за мечот со Романија: „Треба да ја повториме играта од вчера и да покажеме дека сме подобри од противникот“
    Ракомет

    Лазаров за мечот со Романија: „Треба да ја повториме играта од вчера и да покажеме дека сме подобри од противникот“

    risteBy riste19/01/2026No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По стартниот очекуван пораз од Данска, нашата репрезентација одигра нерешено со фаворитот Португалија и со тоа ја израдува нашата спортска и ракометна јавност, но исто така ги задржа своите шанси за пласман во главната рунда на ова ЕП.

    На редовната средба со новинарите зборуваше селекторот Кирил Лазаров. Тој се осврна на мечот со четвртопласираната светска селекција, но го најави и дуелот со Романија.

    „Треба да се подготвиме добро и да имаме правилен пристап, бидејќи Македонија ретко по квалитетна партија знаела да повтори иста добра игра во само 48 часа. Не сум загрижен бидејќи мислам дека овие момци прераснуваат во сериозни ракометни ликови, па мислам дека се свесни се и ќе одговорат на предизвикот. Денеска нема да тренираме за да се освежиме, па утре да одиграме уште една добра партија. Во изминатите години со нашата работа успеавме да дојдеме до поголем ростер во кој со својот квалитет ќе одговори на системот. Покрај повредените играчи кои имаат место во оваа група, сакам да кажам дека на пример и Марко Митев по повредата не е на нивото, а ни е многу важен. Слично е и со Никола Костески кој се враќа од повреда. Имаме простор за напредок, но имавме и работи во кои се надминавме.

    Не сакам да ја потценам Романија. Таа сигурно е послаба од Данска и Португалија, ама има амбициозна федерација и селектор, со многу ресурси за да оди кон врвот. Не знам колку можат, но ќе видиме. Не смееме да ги потцениме, доста вложуваат во клупскиот ракомет. Многу е тешко да донесеш играч од Романија во Македонија поради високите плати. И тие имаат притисок, ќе брзаат и ќе имаме простор да казниме. Како колектив и системски сигурно сме поквалитетни од нив. Не сакам да направам притисок над нашите играчи, ама нема што да се крие. Мислам дека ни недостигаше малку време за да направиме систем и да играме три различни зони кои ќе ги менуваме среде меч, буквално на секои пет минути. Сè уште не сме на тоа ниво, ама се надевам дека во иднина ќе го достигнеме. Португалците играат „седум на шест“ и се подготвувавме за нив. Тешко е да се браниш со ист број на играчи, а не пак со човек повеќе“, изјави селекторот Лазаров.

    Меѓу другото, селекторот Лазаров одговори и на прашањето за повредените, но и Никола Маркоски кој доби црвен картон. 

    „Џонов замина на преглед да видиме за што станува збор. Ситуацијата со него е 50-50%. Што се однесува до Петар Атанасијевиќ, тој дефинитивно отпадна и нема да игра. Дополнително го повикавме Гоце Ојлески кој ќе пристигне во 17:00 часот. Павле беше одличен на крило на неприродна позиција вчера и имаме опција плус. Се надеваме дека Никола Маркоски нема да биде суспендиран поради црвениот картон и ќе може да биде тука“, заврши Лазаров.

    Очекуваме Македонија повторно да има добра поддршка во Хернинг од трибините, а секако дека ќе бидат по бројни од навивачите на Романија кои скоро и да ги нема во Данска.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.