Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Кузмановски: „Со игра како против Португалија можеме да ја добиеме Романија“
    Ракомет

    Кузмановски: „Со игра како против Португалија можеме да ја добиеме Романија“

    risteBy riste19/01/2026No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Капитенот на нашата репрезентација Филип Кузмановски кој имаше одличен настап на дуелот со Португалија кога постигна 15 гола, ја најави средбата со Романија која ќе биде од големо значење за нашата репрезентација на ова ЕП.

    „Сигурно дека многуте одиграни големи натпреварувања на дел од играчите се од голема помош. Имаме многу играчи кои играат во своите клубови и имаат главни улоги, носат тешки одлуки и играат дерби натпревари. Мислам дека нашиот напредок во репрезентацијата се должи на тоа. Добро се познаваме дека сме долго заедно и треба да бидеме среќни. Покажуваме квалитет во текот на целите натпревари, не само во одредени сегменти. Со тоа темпо на игра, ова е модерен ракомет и нема да застанеме. Имаме квалитет да напредуваме и да бидеме уште подобри со секој натпревар и првенство. Улогите во клубовите се најважни, така расте самодовербата и мора повеќе да веруваме во себе бидејќи имаме квалитет. Треба да го смениме менталитетот, ете сега покажуваме дека можеме да се вратиме и од пет разлика. Повеќе веруваме и позрели сме, сите така се чувствуваат и тоа го покажуваат на теренот. Можеби вчера ни недостигаше малку среќа за да се израдуваме на победа за да го докажеме квалитетот, дека можеме да се носиме со сите физички и тркачки.

    Секогаш по еуфорија некои работи се забораваат, мора да има пофални зборови и за одбраната и за голманите. Долго време се подготвувавме да играме со Џонов, Петар и Маркоски, но потоа се снајдовме во вториот дел. Сите се боревме еден за друг, тоа беше планот и мотивацијата пред натпреварот. Се потрудивме одбраната да им помогнеме на голманите. Штета што не ги искористивме двете одбрани на Томовски, но така требало да биде, да имаме среќа во следниот натпревар“, започна капитенот.

    Потоа, Кузмановски се осврна и на математиките, испрати порака до соиграчите и го прокоментира следниот противник, но и својата перфектна партија.

    „Сите прават математики за нашиот пласман. Сакам да испратам порака до моите соиграчи да веруваат. Ќе бидеме среќни со победа, а потоа ако се укаже шанса ќе гледаме да направиме разлика. Романија исто е квалитетна репрезентација, можеби има таргет да нè победи нас на утрешната средба. Ако го повториме мечот со Португалија, мислам дека нашата победа е загарантирана. Мора да влеземе со ладни глави, 60 минути фокус и концентрација на нашата тактика и игра, па на крај би се радувале. Се надевам дека можам да одиграм пан добро и верувам во себе, сакам и треба да победиме за Македонија. Ова Европско првенство треба да го паметиме, треба да одиме напред. Пак ќе се обидам да дадам максимум. Тешко е да се повтори таков натпревар, иако посакувам. Моите соиграчи многу ми помогнаа. Посакувам утре и друг да биде лидерот и да биде играч на натпреварот, ама на крај да се радуваме на победа. Во сите играчи има квалитет, да одиграме квалитетно и нека победи тимската игра“, изјави Кузмановски.

    Денеска нашите ракометари нема да тренираат, па преку видео-анализа ќе подготвуваат тактика за  третиот натпревар од групата Б во Хернинг.. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.