Македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски по одличната арбитража на мечот меѓу Шведска и Холандија, добија втора номинација.
Тие ќе го судат дербито за првото место во групата Ф вечерва меѓу Унгарија и Исланд што ќе реши која селекција во главната рунда ќе пренесе два бода.
Македонските судии првпат се на сениорско ЕП, но покажаа дека се дораснати и имаат и квалитет и знаење да ги судат и најтешките натпревари.

