Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»МКФ: Марјан Илиевски повеќе не е селектор на машката репрезентација
    Кошарка

    МКФ: Марјан Илиевски повеќе не е селектор на машката репрезентација

    sasoBy saso20/01/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација, на седницата одржана на 20ти јануари 2026 година, ја разгледа и едногласно ја прифати оставката на селекторот на машката сениорска репрезентација, г. Марјан Илиевски, поднесена непосредно пред почетокот на седницата, објавија вечерва од МКФ.

    Иако Управниот одбор беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на г. Илиевски и уште еднаш упатува искрена благодарност за неговиот ангажман, професионалност и придонес во периодот додека ја извршуваше селекторската функција, со желби за многу успех во неговата понатамошна кариера.

    Во продолжение на седницата, Управниот одбор донесе една од најзначајните одлуки во последниот период, со која се поставуваат темелите за нов, поорганизиран и стратешки пристап во работењето на репрезентативната кошарка.

    Едногласно беше донесена одлука легендата на македонската кошарка, Владо Илиевски, да биде назначен за Координатор на сите национални репрезентативни селекции.

    Именувањето на Владо Илиевски претставува силна порака за јасна визија, континуитет и системски развој. Станува збор за една од најголемите фигури во историјата на македонската кошарка, поранешен долгогодишен репрезентативец, лидер на теренот и дел од најуспешната генерација на националниот тим, со која беше испишана историја на Европското првенство во 2011 година.

    Неговото огромно меѓународно искуство, длабокото познавање на репрезентативниот систем и авторитетот што го ужива во кошаркарските кругови ќе бидат ставени во функција на унапредување на работата на сите сениорски и младински национални селекции, подобра координација меѓу нив, како и дефинирање на стратешки насоки за нивен долгорочен развој.

    Во таа насока, Управниот одбор изразува очекување дека во најкраток можен рок, токму преку предлог на новоименуваниот координатор, ќе биде дефинирано и решението за селекцијата на нов селектор на машката сениорска репрезентација, со што ќе се обезбеди стабилност и навремена подготовка за претстојните репрезентативни обврски.

    Покрај ова, Управниот одбор ги утврди критериумите за избор на стручни лица во рамки на Спортската академија, како и формирање на комисија задолжена за утврдување на исполнетоста на критериумите за селекција на тренери, со цел подигање на квалитетот и професионалните стандарди во македонската кошарка.

    Дополнително, беше донесена одлука за зголемување на надоместокот за статистичарите на 1.500 денари по натпревар, како признание за нивниот придонес и значајната улога во натпреварувачкиот процес.

    Македонската кошаркарска федерација со ова соопштение јасно потврдува дека останува посветена на стабилност, транспарентност и долгорочен системски развој, при што во фокусот се националните селекции, стручното работење и враќањето на довербата и амбицијата во македонската кошарка.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.