Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Да ми понудеја вакви резултати пред ЕП, ќе прифатев, но мислам дека заслуживме втора фаза“
    Ракомет

    Лазаров: „Да ми понудеја вакви резултати пред ЕП, ќе прифатев, но мислам дека заслуживме втора фаза“

    risteBy riste20/01/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија забележа победа во дуелот со Романија од 24:23 и со тоа го обезбеди третото место во групата Б во Хернинг. Селекторот Кирил Лазаров по натпреварот со Романија даде коментар за овој натпревар, но и за тоа како помина ова ЕП за Македонија.

    „Задоволен сум, сепак, победивме, а кога ќе сумираме се треба да сме задоволни што направивме во овие три меча со силни противници. Видовте дека Романија е цврста, јака селекција која што знае што сака. Малку ми е жал затоа што почнавме многу добро и заслуживме да имаме повеќе, со поголема концентрација, фокус и верба. Како да се изненадивме дека во првиот дел можеме да водиме со висока разлика. Романците беа немоќни, ние промашувавме од изгледни позиции. Во вториот дел пак имавме четири гола и мислевме како и секое полувреме дека ќе бидеме уште подобри и како поминуваше времето, не сакам да звучи како да сакам да се жалам, се повреди Маркоски, Аларов доби црвен картон, останавме дефанзивно и офанзивно хендикепирани во ротација.

    Мислам дека немавме проблем во одбрана, туку во нападот. Нивниот голман беше играч на мечот, имаше доста добри одбрани. Се надевав дека ќе добиеме со малку повеќе голови разлика, макар тоа било три, четири или пет. Надежта последна умира, сега е невозможна мисија Данска да победи со 18 гола разлика. Честитки на момците, не можам да им замерам ништо. Сакавме во ТОП-12, мислам дека и заслуживме такво нешто. Требаше да имаме напад за победа со Португалија на пример. И некако така секогаш. Имавме напад за два разлика со Унгарија на минатото СП, имавме скоро добиен дуел со Холандија, со Австрија и пак се враќаме на истото. Македонски менталитет, македонска глава и тука треба да се работи. Не сум незадоволен, ова е мое моментално расположение. Кога ќе паднат емоциите, тогаш ќе видиме како сме се спротиставиле на европски сили. Да дадеше некој вакви резултати пред Европското првенство ќе прифатев, ама ќе сакав повеќе. Ние ќе останеме во сала на следниот меч, ќе бидеме навивачи на Данска и ќе видиме што ќе биде“, изјави Лазаров. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.