Македонија славеше значајна победа против Романија (24:23) во последниот меч од групната фаза на Европското првенство.
Нашите ракометари стигнаа до оваа победа со гол постигнат во последната секунда од натпреварот, а стрелец на тој гол беше Ненад Костески кој даде свој коментар на одиграниот натпревар со Романија.
„Сите ја имавме желбата и бевме спремни за овој дуел. Дадовме максимум и мислам дека на крајот треба сите да сме среќни и задоволни. Имавме добро првенство со голем бод против Португалија која знаеме како котираше на минатото првенство.
Овој дуел со Романија го спремавме долго време. Се потрудивме да одиме на што повисока разлика, но не успеавме, ривалот се врати, а ние имавме еден период во кој не функциониравме во нападот. Сите треба да сме среќни и задоволни. Оваа екипа оди напред“, изјави Ненад Костески.

