Центарот на екипата на Хјустон, Стивен Адамс, заработи повреда на глуждот на мечот против Њу Орлеанс.Тоа го потврди и тренерот на „ракетите“, Име Удока.
„Тоа е многу сериозно истегнување на глуждот. Мислам дека е од трет степен. Сè уште собираме податоци. Веројатно нема да се врати наскоро“ – рече Удока.
Адамс во сезонава има просек од 5,9 поени и 8,6 скока за 22,7 минути поминати на теренот.

