Легендарниот хрватски ракометен стратег, Лино Червар во опширно интервју за хрватската јавност на широко ги коментира настаните од тековното Европско ракометно првенство во Данска, на кое што учевствуваше и Македонија. Тој смета дека токму тоа поместување од класичната 6-0 одбрана е иднината на ракометот и дека Македонија тоа одлично го применила на ова Европско првенство.
„Македонија активно играше одбрана која досега никој не ја играл, а која што јас ја сугерирам во мојата книга. Со неа потполно ги застанаа браќата Коста, и не им дозволија да се разиграат. Токму затоа што Македонија играше проактивно. Имаме два начина на одрбана, 5-1 одбрана од најмодерниот тип која што во мојата книга и ја сугерирам, и онаа 5-1 одбрана која што ја игравме пред дваесетина години во 2003“ – изјавил Червар.

