Селекторот на Црна Гора, Дидие Динар и покрај слабиот настап на Европското првенство верува дека селекцијата има квалитет и дека може да оди на Мундијалот.
„По вториот пораз не беше можно да го подигнеме тимот а потоа сè тргна надолу. Сите сме разочарани, се разбира. Имаме идеја како да играме, но немаме доволно луѓе“ – рече Динар.
„Имаме плеј-оф со Финска и апсолутно сакам да продолжам. Сакаме да се квалификуваме за Светското првенство“ – рече селекторот на Црна Гора.

