Репрезентацијата на Шведска доцна синоќа во Малме ја совлада Хрватска и го освои првото место во групата.
„Викизите“ во наредната фаза ќе пренесат максимален број на бодови а нивниот селектор, Михаел Апелгрин, вели дека е задоволен од целата атмосфера.
„Арената вриеше. Вака сакаме да биде ракометот. Сите што играа уживаа, мислам, сите што беа во арената. Навистина мислам дека беше неверојатен натпревар. Убаво е чувството“ – нагласи Апелгрин.

