Во интервју за српски „Мондо“, некогашниот шведски ракометен репрезентативец Далибор Додер зборуваше за квалитетот на ракометот и ракометните ѕвезди во светот денеска. Тој не се сложува со тоа дека денеска има ѕвезди и квалитетни ракометари како порано.
Денес многумина велат дека го гледаме најдобриот ракомет досега, но Додер не се согласува. „Денес го немате Кирил Лазаров. Го имате Гидсел, но тоа не е тоа. Ги нема Карабатиќ, Балиќ… Така беше тогаш, имавте репрезентации кои имаа страшни играчи. Дури и денес имате играчи кои се добри, но секогаш ќе се вели дека порано било подобро“, изјави Додер.

