Норвешките медиуми пишуваат дека актуелниот селектор на репрезентацијата, Јонас Виле, по европското првенство ќе биде сменет.
Последниот пораз и загубените шанси за полуфинале, само ја потврдија информацијата дека норвешката федерација размислува за промена на селекторот, чиј договор истекува на лето. Виле изјавил дека сака да остане на селекторското место, но резултатите не му одат во прилог.

