Кошаркарската федерација на Република Македонија ја информира јавноста дека Управниот одбор донесе одлука за именување на г. Хозе Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација.
Г. Берокал е искусен шпански тренер со повеќе од 35 години тренерско искуство од кои 14 години во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување.
Берокал има освоено вкупно 21 трофеј, меѓу кои и две титули во Евролигата а работел во Барселона, Панатинаикос, Басконија, Макаби од Тел Авив, Баерн Минхен, како и во повеќе национални првенства на највисоко ниво (AЦБ – Шпанија, Евролигата, израелската лига, Лигата на Турција, украинската лига и други).

