Лидерот на Селтикс, Џејсон Тејтум, несвесно го навреди тимот на Мемфис кој е еден од десетте клубови во лигата кои никогаш не освоиле шампионски прстен.
„Да ја имав мојата сегашна кариера со Гризлис, ќе имав подигната статуа пред арената“ – рече Тејтум.
„Сега се обидувам да ги стигнам играчите како Лари Бирд. Тоа е предизвик“, изјави кошаркарот од НБА лигата.

