Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Ѓорѓи Кочов назначен за асистент-тренер во стручниот штаб на машката кошаркарска сениорска репрезентација
    Кошарка

    Ѓорѓи Кочов назначен за асистент-тренер во стручниот штаб на машката кошаркарска сениорска репрезентација

    risteBy riste30/01/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарската федерација на Македонија денеска информираше дека е постигнат договор за ангажман на Ѓорѓи Кочов како асистент-тренер во стручниот штаб на сениорската машка репрезентација, предводен од селекторот Хозе Мариа Берокал.

    Овој ангажман е дел од континуираните активности на Федерацијата насочени кон комплетирање на стручниот штаб и подигнување на професионалните стандарди во најдобрата национална селекција.

    Ѓорѓи Кочов важи за еден од најперспективните и најуспешни македонски тренери од помладата генерација, со богато искуство во младинските и сениорските категории, како и значајно меѓународно тренерско присуство.

    По завршувањето на играчката кариера, тренерската ја започна во 2014 година, со исклучителни резултати во младинските селекции на Вардар, каде уште во првата сезона освои три шампионски титули.

    Во текот на својата кариера, Кочов беше дел од стручните штабови на младинските репрезентации на Македонија, селектор на јуниорската репрезентација, како и тренер во МЗТ Скопје Аеродром, со кој го освои шампионскиот трофеј и настапи во финалето на АБА 2 лигата.

    Последните неколку години, Кочов е стандарден член на стручниот штаб на германскиот бундеслигаш Кемниц 99, екипа која со него како асистент-тренер ги оствари најголемите успеси во својата историја, вклучително и освојување на титулата во ФИБА Евро Купот во 2024 година.

    Одлуката за ангажман на Ѓорѓи Кочов претставува уште еден јасен чекор во стратешката определба на Кошаркарската федерација на Македонија за градење силна, стабилна и конкурентна сениорска репрезентација, како и потврда на визијата за долгорочен развој и подем на македонската репрезентативна кошарка.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.