Штајн Гудјонсон, селекторот на Исланд, вели дека може да се извлече поука од вчерашниот пораз од Данска во рамките на полуфиналето на европскиот ракометен шампионат.
„Изгубивме од најдобриот тим во светот, им честитам. Дадовме добра игра на Данска. Горд сум на мојот тим. Моите играчи направија сè што можеа за да победат, но тоа не беше доволно“ – вели Гудјонсон.
„Направивме неколку грешки во второто полувреме. Против Данска дома кога имаат предност од три или четири гола, станува тешко да се остане на исто ниво“ – рече Гудјонсон.

