Селекторот на Португалија, Пауло Фереира се насочи кон вчерашниот меч со Шведска. Неговите избраници славеа со гол во последната секунда и го освоија петтото место на Континеталниот собир.
„Мислам дека беше неверојатен натпревар. Португалија заслужува да биде меѓу најдобрите тимови затоа што ставивме малку повеќе емоции, малку повеќе романтичен дел од спортот и мислам дека на сите спортови им се потребни вакви тимови, кои имаат идеи, кои имаат паметни луѓе кои се борат“ – рече Фереира.
„Мислам дека е прекрасно да се гледа како играме. Mожам да бидам среќен со младите ракометари на Португалија, мислам дека сум многу, многу горд на момците.“ – потенцираше Фереира.

