Матео Мараш десен бек на Хрватска по поразот од Германија во вчерашното полуфинале на континеталниот собир беше реален во проценката на прикажаното.
„Пропуштивме многу шанси, бидејќи нивниот голман беше неверојатен. Одигравме добар натпревар. Проблемот беше почетокот на второто полувреме кога тие поведоа. Се обидовме да ги стигнеме, но тие играа паметно и подобро од нас. Затоа се во финалето. – рече Мараш.
„Не сме завршиле. Треба да се бориме за бронзениот медал и да се обидеме да го освоиме. Сè уште имаме цел. Ако завршиме со медал, би било големо достигнување. Тоа беше главната причина кога дојдовме тука – да освоиме медал.“- нагласи Мараш.

