Ракометарите на Данска по 14 години пауза повторно го освоија европскиот врв. Тие денеска во финалето во Херниг славеа против Германија со 34 спрема 27 и станаа втората земја по Франција што ги обедини трите титули од Мундијалот, Олимписките игри и Европските шампионати.
Данците предводени од Матијас Гитсел (МВП на европското), го скршија отпорот на „панцирите“ дури во последните 10 минути.
Кај освојувачот на златото се издвоија Питлик со 8 голови пред Гитсел и Хансен со седум додека кај Германците најпрецизни беа Кнор, Гргич и Гола со по пет погодоци.

