Стив Кер коментираше за ротацијата во тимот. Голден Стејт победи на два од последните три меча иако го немаше Стеф Кари. Во победите над Феникс и Мемфис, другата ѕвезда, Дејмонд Грин, не играше четири четвртини.
„Без Стеф, сè е поинаку. Неговото отсуство драматично влијае на нашиот напад,. Самиот ги решава сите наши проблеми со ширење на просторот.“ – рече Кер.
„Без Стеф и Џими се мачиме да постигнеме кошеви. Се чини дека е подобро да се држиме само до еден висок играч“ – беа зборовите на тренерот.

