Крилниот центар на Лејкерси, Леброн Џејмс, на мечот со Далас го забележа својот 123-ти трипл-дабл во кариерата.
Тој за 35 минути на теренот постигна 28 поени додавајќи 10 скока и 12 асистенции со 4 изгубени топки.
Џејмс (41 година, 44 дена) го надмина Карл Мелоун (40 години, 127 дена) и стана највозрасниот играч во историјата на НБА што остварил трипл-дабл.

