Главниот тренер на кошаркарите на Детроит, Б.Џ. Бикерстаф, призна дека сериозно се плашел од пензионирање откако бил отпуштен од Кливленд во 2024 година.
„Во тоа време немаше слободни работни места. Само седев дома, поминував време со моето семејство и се обидував да разберам што да правам “ – рече тренерот.
Тој откако го презеде Детроит за само две години оствари една од најимпресивните трансформации во НБА.

