Ветеранот во Голден Стејт, Дрејмон Грин, знае дека сезоната 2025-26 може да биде неговата последна со тимот, објави колумнистот на „Атлетик“, Ник Фридел.
Дрејмонд сè уште има опција за следната сезона вредна 27,7 милиони долари но, тоа нема да ги спречи Вориорс да го продадат.
Четирикратниот шампион полни 36 години во март. Тој има просек од 8,6 поени, 5,7 скока и 5,2 асистенции по натпревар.

